Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Civil engineering
Subject: Environmental engineering
Subject: Materials engineering
Subject: Other engineering and technologies


Year: 2026


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Описни методологии за избор на рударски откопни методи


Author: Mijalkovski, Stojance
Author: Petrovski, Aleksandar
Author: Peltecki, Dragi



Abstract: Правилниот избор на рударска откопна метода претставува еден од најзначајните предуслови за успешно и економично експлоатирање на подземните рудни лежишта. Изборот на соодветна откопна метода е сложен процес, кој зависи од голем број фактори поврзани со геолошките и геометриските карактеристики на рудното лежиште, како и со условите на околниот карпест масив. Во развојот на рударската наука и практика, за избор на откопните методи првично биле применувани едноставни описни и класификациски пристапи, засновани на меѓусебно поврзување на карактеристиките на рудното лежиште со применливоста на одделни откопни методи. Во овој труд се разгледуваат и анализираат описните методологии за избор на подземни рударски откопни методи. Посебно внимание е посветено на методологиите развиени од Boshkov и Wright, Hartman и Morrison, кои претставуваат значајни класични пристапи во процесот на избор на откопна метода. За секоја методологија се анализираат основните принципи, параметрите што се земаат предвид, начинот на класификација и избор на соодветна откопна метода, како и можностите и ограничувањата при нивната практична примена. Целта на трудот е да се прикаже развојот и значењето на описните методологии, да се идентификуваат нивните заеднички и специфични карактеристики и да се изврши нивна меѓусебна компарација. Анализата покажува дека, и покрај нивната релативна едноставност и зависност од инженерската проценка, описните методологии претставуваат значајна основа за развојот на подоцнежните, посложени методологии за избор на рударски откопни методи.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/39363/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:39363
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/39363/1/Opisni%20metodologii%20za%20izbor%20na%20rudarska%20otkopna%20metoda.pdf
Identifier: Mijalkovski, Stojance and Petrovski, Aleksandar and Peltecki, Dragi (2026) Описни методологии за избор на рударски откопни методи. In: XVII стручно советување на тема: Технологија на подземна и површинска експлоатација на минерални суровини, Подекс – Повекс ’26, 30-31 Oct 2026, Ohrid.



TitleDateViews
Описни методологии за избор на рударски откопни методи202620