Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law
Subject: Political Science


Year: 2024


Type: Book
Type: PeerReviewed



Title: Европска Унија, миграција и азил


Author: Nikodinovska Krstevska, Ana



Abstract: Публикацијата „Европска Унија, миграции, азил“ претставува систематизирана збирка од дванаесет објавени рецензирани научни трудови, седум самостојни и пет коавторски, посветени на европските политики и правото во областа на миграцијата и азилот. Произлезена од повеќегодишни истражувања и меѓународна академска соработка, публикацијата ги разгледува правните, политичките, безбедносните и хуманитарните димензии на миграциските движења, со посебен осврт на миграциската криза од 2015–2016 година и нејзините последици за Европската Унија и Северна Македонија. Во фокусот се екстернализацијата на европските миграциски и безбедносни политики, управувањето со надворешните граници, принципот на солидарност и правичната поделба на одговорностите, како и договорите за реадмисија и нивната примена во односите со балканските држави. Посебно внимание се посветува на развојот на македонското законодавство и институционалниот одговор во областа на миграцијата и азилот, регионалната и меѓународната соработка и усогласувањето со правото на Европската Унија. Човековата димензија се обработува преку заштитата на правата на мигрантите и бегалците, придонесот на недржавните актери за човечката безбедност, ризиците од виктимизација, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и антимиграциската реторика и ксенофобијата. Поврзувајќи ги европската и националната перспектива, збирката обезбедува основа за критичко разбирање на односот меѓу безбедноста, солидарноста и заштитата на човековите права. Наменета е за студенти, истражувачи и стручната јавност, со цел да ги унапреди знаењата и да поттикне понатамошни истражувања за миграцијата, азилот и европската интеграција.


Publisher: 2-ри Август


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/39361/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:39361
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/39361/1/European%20Union%2C%20Migration%2C%20Asylum..pdf
Identifier: Nikodinovska Krstevska, Ana (2024) Европска Унија, миграција и азил. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4879-88-6



TitleDateViews
Европска Унија, миграција и азил202422